Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој шамар“
Среќа, моите во право време приметија дека не само што трпам некој таков притисок од него, туку знаел да прелета и некој шамар. Со тоа што ми го фатија дневникот, тоа е вистината.
Се враќам од школо еден ден, влагам во детска соба, таа е демолирана, а јас не знам дали некој влегол да краде или што се десило. Сфаќам дека ми е најден дневникот.

Тогаш го изедов последниот ќотек од татко ми, зашто мислам дека беше толку вознемирен што јас не сум кажала дома што се случува, туку на многу страшен начин дознаа.
Од овој аспект, тие изреагираа одлично како родители. Татко ми одеше со мене во школо и седеше на голем одмор со мене, за тој да не ми се приближи.
Тоа добро заврши, иако човекот знаеше да ми се појави и после години, негде да ми се појави, во диско... и јас имав трауми кога ќе го видев, се подзакочував и сакав одма да бегам.

Имаше една страшна случка во Градиште, кога исто се појави, ми препречи пат, тука се најдоа некои луѓе што ги знаеме.
И мајка ми тргна да го брка, се деси сериозна фрка. Тогаш таа имаше последна комуникација со него тет-а-тет и му рече: ‘Ако ѝ фали влакно, нема да те најдат кај си’.
Следно што знам е дека заврши во затвор, затоа што си беше таков ков и сега скоро дознав и дека починал“.

Погледнете го интервјуто (делот со токсичниот дечко почнува на 46:18):
А. Ј. | Црнобело
