Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ми се тресеше“
Можеби половина час пред да го погодат аеродромот јас се пишував со еден дечко од Македонија, кој е другар на брат ми.
Они се враќале од Занзибар и во Дубаи чекале лет за во Белград, но им го откажале летот.
Па, ме замоли да го информирам што се случува и што ќе биде, бидејќи они речиси цел ден биле на аеродром заглавени и никој не им давал никаква информација.

Јас му кажав каде да се обрати за да му обезбедат хотел и дека сигурно во наредниве неколку дена нема да летаат. Тука од владата се грижат многу, па дури и да прекинат ракетите - нема веднаш да пуштат комерцијални летови додека не обезбедат 100 проценти безбедност за патниците.
Инаку, само што го напуштија тие аеродромот, за да ги носат во хотел, 15 минути подоцна аеродромот беше погоден и кога го видов тоа бев шокирана и помислив што ако тие луѓе беа уште таму.
Од влада се залагаат и нудат помош, а за сите туристи што се заглавени во хотелите владата ги покрива трошоците.

Не е којзнае колку лошо, бидејќи не е онака баш бомбардирање, затоа што тие ги следат ракетите и ги уништуваат уште пред да паднат тука, но е многу страшно да ги гледаш ракетите пред тебе на небо и да гледаш како експлодираат.
Никогаш не верував дека вакво нешто ќе ми се случи во Дубаи.
Имаше извесни мирни периоди и се преговараше за прекин на ракетите, дури имаше најава за враќање на работа, но вечерта повторно почнаа да фрлаат ракети.
Така што не знаеме што се случува. Јас искрено сум испаничена, барам решение да излезам од државата.
фото: depositphotos.com
Знам дека велат да не се паничи, но мене навистина ми е страв и во моментот нема никаков излез, затоа што сите аеродроми во околината се затворени.
Погоден беше аеродромот во Дубаи, погоден беше аеродромот во Абу Даби.
Познавам некои луѓе што се обидоа да возат до Оман и успеаја да фатат летови, но потоа го погодија и тој аеродром.
Така што нема никаква опција за излез оттука и само се надеваме дека ова ќе се смири, сите ќе можат да се вратат дома безбедно и дека животот ќе се врати во нормала.

Ние правевме скара во двор и некои луѓе го сфатија тоа како навреда, но тоа беше да се покаже дека да, летаат ракети, но во моментот не е толку критично и можеш да седиш дома и да имаш нормален живот.
Навистина не се движиме никаде, дури и до супермаркет претрчавме набрзина, бидејќи не знаеш кога може некој мал дел од тие ракети да падне и баш тебе да те погоди.

Напнато е, но се надевам дека за брзо ќе се среди.
За жал, има некакви најави дека може да трае и до неколку седмици, но од влада нè уверуваат дека работат за сето ова да се заврши што побрзо“.
Предупредувачката порака што ѝ стигнала на Ана
Прочитајте и Кристина од Скопје е на семеен одмор во Дубаи: „Се плашиш од секој звук, а си дошол на патување со деца“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
