Драгана Спасовска се фали со животниот стил: „Имам жена што ми чисти, личен шофер и патувам со прва класа“
- Детали
- вторник, 03 март 2026
„Патувам со бизнис клас и се облекувам брендирано, посетувам салони за секакви процедури и тоа цела година, јас не чекам лето да дојде за да отидам на педикир на нозете или за да отидам на депилација, како што некои жени прават...“, вели Драгана Спасовска, која живее на релација Бугарија - Македонија - Дубаи.

Моделот и инфлуенсерка Драгана Спасовска, која го носи епитетот македонската Ким Кардашијан, гостуваше во ТВ шоуто „Stars“ со Ивана Јанковска, каде искрено проговори за својот животен стил.

Таа искрено кажува дека сака луксуз и дека истиот може сама да си го дозволи.
Драгана живее на релација Бугарија - Македонија - Дубаи.
Таа за својот животен стил вели:
„Да, можам да сечкам салати, да, способна сум и да исчистам дома и да изметам и со првосмукалка.
Да, можам да си дозволам и жена да ми чисти дома и имам ангажирано во Дубаи. Можам и готвач да си платам да ми готви дома.

Ако толку многу тоа ви интересира, имам личен шофер и патувам со бизнис клас, и се облекувам брендирано, но тоа јас самата можам да се го дозволам.

Давам пари за скапа козметика, одам во салони, посетувам салони за естетски процедури и тоа цела година, јас не чекам лето да дојде за да отидам педикир на нозете да направам или за да отидам на депилација, како што некои жени прават, само летно време, пред да одат на одмор“.



Кликнете на видеото за изјавата:
С. С. | Црнобело