Теодора од Скопје со децата е во Дубаи: „Надворешните детски игралишта се затворени, сè друго функционира нормално“

Инаку, на темата зошто го обожава Дубаи, Теодора вели:
„Дубаи, место на кое секогаш би му се вратила. Ние фамилијарно сме заљубени во него, во можностите што ги нуди, во динамиката, во контрастот помеѓу модерното и мирот што можеш да си го создадеш.
Некој ќе каже „сè е вештачко“, а јас би рекла град изграден со визија и план. Град што расте, но мисли на семејствата.

Повеќе зелени површини отколку што очекуваш, паркови помеѓу згради, детски игралишта на секој чекор, уредени патеки и простори каде што и најмалите и најголемите имаат свое место.
Град во кој секој може да најде свое темпо, дали си таму за работа, за авантура, за семеен живот или за нов почеток.

Град што те инспирира да напредуваш, да сонуваш поголемо и да веруваш дека сè е возможно.

Се надевам дека и ситуацијата ќе се среди за некој ден и конечно ќе можеме да се вратиме дома.

А до тогаш уживаме во принудниот продолжен одмор. Кога веќе сме тука, ќе си го направиме убав“.


Прочитајте и Теодора од Скопје беше во Дубаи со мало дете и бебе: „Ме плашеше летот со 2-месечно бебе, Дубаи е рај за деца“
С. С. | Црнобело
