CRNOBELO анкета за 8 Март: Кои се најинспиративните жени во животот на успешните Македонци?

„Најдобриот совет од жена го добив пред неколку години од мојата последна партнерка, Илина, која ме научи доста работи. Се разбира дека ние меѓусебно се надополнувавме, бидејќи бевме два потполно различни света. Таа, всушност ми даде два совета“, вели Игор Џамбазов во анкетата на CRNOBELO.com, посветена на жените и 8 Март.

crnobelo-anketa-za-8-mart-koi-se-najinspirativnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-18_copy_copy.jpg

Скоро сите мажи чести ги возвишуваат жените во нивниот живот и имаат збороови полни благодарност за нивната поддршка, пожртвуваност, љубов, совет..

Па ако зад успехот на сркој секој маж стои барем една жена, која била тука да ги охрабри и поттикне, по повод Денот на жената, 8 Март, прашавме неколку успешни мажи од Македонија кои се жените кои ги инспирирале низ годините, но им дадовме и можност јавно да им се заблагодарат на најважните жени во нивните животи.

Сите овие мажи се професионалци во својата работа со успешна кариера зад нив - Тони Зен, Огнен Неделковски, д-р Ристо Симеонов, Бобан Илиоски, д-р Горан Трајковски и Игор Џамбазов.

Во продолжение прочитајте кои се најинспиративните жени во нивните животи, во анкетата за CRNOBELO.com:

Игор Џамбазов, актер и шоумен

crnobelo-anketa-za-8-mart-koi-se-najinspirativnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-15.JPG

Игор целиот свој живот бил миленик на жените, а тој, пак во секоја прилика што ја имал, ги возвишувал својата мајка Анче Џамбазова и сестра му Тања.

Но, сепак, вели дека најдобриот совет од жена не го добил од нив, туку од својата последна партнерка, планинарката Илина Арсова.

А на нашата анкета поврзана со жените, Игор одговори:

Која е жената која најмногу ве инспирирала во животот?

Се разбира дека тоа е мајка ми Анче, која не ми беше само мајка.

Некаде во тинејџерските години ми стана и другарка, ми помагаше да ги спремам улогите како врвен професионалец кога не бев, така да кажам, образуван.

Играв во тинејџерски серии за кои навистина требаше подготовка зашто сè се снимаше набрзина, текстовите ги добивавме многу доцна, секогаш имаше некакви преправки и тука влетуваше мојата Анче и ги решаваше сите проблеми.

Ме инспирирала и во уметноста воопшто и секогаш кога сакам да создадам слика за идеална жена, ја создавам сликата на мајка ми, иако таа беше една многу едноставна жена, една од ретките што има жртвувано баш сè за добробит на нејзините дечиња - кога можеше да стане голема ѕвезда во театарот, на филмот, на телевизијата, таа едноставно некако се повлече од тие работи и ни се посвети нам.

Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Најдобриот совет што сум го добил од жена го добив пред неколку години од мојата последна партнерка, Илина, која ме научи доста работи.

Се разбира дека ние меѓусебно се надополнувавме, бидејќи бевме два потполно различни света.

Таа научи многу од мене за уметноста, иако знаеше доста за сликарството и за историјата на уметноста, но ете, научи доста за театарот, за музиката...

Беше само љубител на музика, а со мене виде како изгледа тоа и во живо и во студио и насекаде.

Таа, всушност ми даде два совета. Првиот е „Јадеш кога ти се јаде“, а вториот е „Спиеш кога ти се спие“, значи мора да си го почитуваш организмот, телото да си го почитуваш.

Кога бевме заедно јас тоа го правев не заради тоа што сакав да ѝ се додворувам на некој начин, туку затоа што почувствував дека добро ми влијае.

И откако не сме заедно продолжив да го правам тоа, меѓутоа кога немаш контрола, дисциплина, тоа се нарушува.

crnobelo-anketa-za-8-mart-koi-se-najinspirativnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-15_2_copy.jpg

Кога би ѝ се заблагодариле на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Тоа секако би била сестра ми Тања со која сме разделени триесетина години.

Таа не живее тука, го пропатува скоро целиот свет, доаѓаше многу ретко, но за среќа сега доаѓа почесто.

Ние сме некако телепатски поврзани, а јас сум човек што ретко бара помош од неа, скоро никогаш.

Но, таа како сестра знае да го почувствува моментот кога имам потреба за разговор, некаква услуга, или едноставно, кога имам потреба да си разменам со неа малку енергија.

Ние двајца се надополнуваме на некој начин, но ние двајца сме и различни светови, а сепак нè поврзуваат нештата.

Во едно интервју неодамна таа изјави дека животна желба ѝ е да игра со мене во театар и мислам дека нема подобра шанса и прилика за мене да ѝ се заблагодарам, освен да ѝ ја исполнам желбата и така да ѝ вратам за сè што направи за мене.

И еве една голема тајна - да не беше сестра ми Тања, куќата во Дојран немаше да постои.

Можеби јас ќе си ја купев и направев, но сигурно ќе ми требаа 10-15 години, а вака за помалку од две години успеа да се направи таа куќа.

Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Тоа е една вештина која ја имаат само жените, и ете, мака ми е понекогаш што ја немам јас, а таа гласи: „Жените се секогаш во право“.

За ова сум поучен од една стара охридска која вели: „Така е, ама не си во право“. Жените така некако тераат и затоа ги обожавам, затоа што се секогаш во право.

На една осмомартовска честитка пред некоја година напишав: „Жени, ви пожелувам сè најубаво, а и што да ви каже човек, кога и онака сè знаете“.

Д-р Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија

crnobelo-anketa-za-8-mart-koi-se-najinspirativnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-16.jpg

Доктор Симеонов е врвен професионалец во својата професија, човек кому му веруваат и  родителите, но и неговите пациенти - децата.

Татко е на три деца и среќно е оженет со Д-р Камелија Симеонова, која е детски психијатар.

А токму таа е жената која најмногу го инспирирала во животот, поа во нашата анкета, д-р Симеонов открива:

Која е жената која најмногу ве инспирирала во животот?

Мојата сопруга. Таа не бара светло за себе, а секогаш остава силна трага каде и да помине.

Нејзиниот стил секојдневно ме потсетува дека само еднаш живееме и дека нашиот живот треба да биде добра приказна кој е вредна за паметење и пример за идните генерации.

Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Никогаш да не ја изгубам емпатијата.

Таа е она што му дава вредност на секој успех и нè потсетува зошто работиме и за кого постоиме.

crnobelo-anketa-za-8-mart-koi-se-najinspirativnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-11.jpg

Кога би ѝ се заблагодариле на која било жена во твојот живот, која би била таа и што би ѝ рекле?

На сопругата која стои зад секој мој чекор и секоја победа.

Ти благодарам што ме потсетуваш што веруваш во мене, што ме поддржуваш и што секогаш ме враќаш кон она што е навистина важно.

Која е една вештина или особина на која најмногу ѝ се восхитувате кај жените?

Силата да носат живот и одговорност без да го изгубат достоинството.

Тоа ја опишува мојата сопруга, која отвори ново поглавје во мојот живот и ме научи дека вистинската сила нема потреба да се докажува, таа едноставно се гледа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Познатите Македонци откриваат навика за која не сакаат никој да знае: Тамара – грицка нокти, Миро Ка... „Дека си јадам цело време“ – открива Милена Антовска, Тамара Тодевска и Барбара ...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Стотици жени и мажи на денешниот марш по повод 8 Март во Скопје, под слоганот „Нема да нè снема“ (фо... Во многу поголем број од лани, стотици жени и мажи го изразија својот револт за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg