Водителките на „Урбан Бла Бла“ откриваат: Кои се најхрабрите жени во нивниот живот?

На Денот на жената - 8 март, популарната радио емисија Урбан Бла Бла што се емитува на Урбан ФМ радио секој работен ден од 12 до 14 часот, се издвојува како единствена емисија во домашниот етер зад чиј микрофон стојат дури пет жени водителки.

voditelkite-na-urban-bla-bla-otkrivaat-koi-se-najhrabrite-zheni-vo-nivniot-zhivot-01.jpg

Пејачката Теа Трајковска, инфлуенсерката Дона Неделковска, Ана Јаневска - книжевен критичар и љубител на литературата, пејачката Лара Иванова и Ивона Трајановска - претприемачка, основач и претседател на здружение за млади претприемачи, секојдневно носат урбана енергија, хумор и искрен разговор со слушателите, а овој пат решија да споделат нешто многу лично – која е најинспиративната и најхрабрата жена во нивниот живот.

Во пресрет на 8 Март, секоја од нив открива која жена ја инспирирала, од кого научила што значи сила, љубов и истрајност:

Теа:

„Најверојатно, како и на секоја жена, најинспиративната и најхрабрата жена во мојот живот е мајка ми.

Ја гледам како храбро се носи со сите животни предизвици, без разлика дали се големи или мали.

Од неа научив дека силата не е во тоа никогаш да не паднеш, туку секогаш да станеш и да продолжиш понатаму.“

Tea.jpg

Дона:

„За мене, најхрабрата жена и најголемата инспирација сум самата јас. Иако можеби звучи чудно, навистина сум горда на себе.

Верувам дека девојчето што бев на 10 или 12 години би било многу среќно со личноста во која израснав.

Уште како дете ме инспирираа жени кои не се оптоваруваат со туѓото мислење и се трудат да живеат по свои правила – и токму тоа е она кон што отсекогаш сум се стремела.“

Dona.jpg

Ана:

„Во мојот живот имам две такви личности. Тоа беше баба ми, која за жал веќе не е со нас, и мојата мајка.

Баба ми беше жена-борец, жена-карпа, која на само 24 години останала самохрана мајка и пребродила навистина многу тешки работи и животни ситуации, само за да ја одгледа мајка ми. Таа ми беше буквално како втора мајка.

Мајка ми е една од најдобрите личности на целиот свет - несебична, со најдобрата душа. И двете ме научија дека на лошото треба да се враќа со добро и ми покажаа што е вистинска, безусловна љубов.“

Ana.jpg

Лара:

„Најинспиративната и најхрабрата жена во мојот живот е мојата мајка. Таа е личноста од која сум научила што значи вистинска сила, љубов и посветеност.

Секогаш била тука за мене и во најлесните и во најтешките моменти.

Нејзината храброст ја гледам во тоа како се справува со сите предизвици во животот, секогаш ставајќи го семејството на прво место.

Таа ме инспирира секој ден да бидам подобра личност и никогаш да не се откажувам од соништата.“

Lara.jpg

Ивона:

„Мојата сестра Симона е најинспиративната и најхрабрата жена во мојот живот. Ние како сестри го делиме целиот живот - од детството и соништата до денешните одговорности.

Денес таа е мајка на две деца и управител на нашата фамилијарна компанија и секојдневно успева да го балансира семејството и работата со неверојатна сила и посветеност.

Кога ја гледам како се справува со сè, ме потсетува дека вистинската храброст е во секојдневната упорност, грижа и љубов.“

Ivona.jpg

Со оваа мала, но искрена иницијатива, водителките на „Урбан Бла Бла“ потсетуваат дека храбрите жени често се наоѓаат токму најблиску до нас - во нашите семејства, меѓу нашите сестри, мајки, баби или во нас самите.

Токму тие секојдневни приказни за сила, љубов и истрајност се вистинската инспирација што го прави значењето на Меѓународниот ден на жената уште подлабоко и поважно.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава