Обожавателка на Лозано помина 3.500km од Русија до Скопје за да му дојде на концерт: „Километри љубов за него“
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
Наталија тргнала од Уљановск, град кој е 3.481km оддалечен од Скопје и првите три часа се возела со автомобил по снег за да стигне во Казан, а оттаму го продолжила патувањето со авион, па со автобус.

Наталија Кајлакина помина скоро 3.500km за да стигне од Русија на концертот на Лозано во Скопје на 7 март.

Наталија на својот Инстаграм објави видео насловено „Километри љубов“, исто како концертот на Лозано, и во околу 1 минута го прикажа своето патување за да стигне на настапот на нејзиниот омилен пејач.

Таа откри дека тргнала од Уљановск, град кој е 3.481km оддалечен од Скопје и дека првите три часа се возела со автомобил за да стигне во Казан.

Од Казан 4 часа летала до Белград, а во главниот град на Србија фатила автобус со кој се возела околу 7 часа до Скопје.

„Заради него“, пишува Наталија во последниот кадар од видеото снимено од првите редови во фан питот, во моментот кога Лозано ја пее „Километри“.

Таа сподели и видео од моментот кога Влатко ја пее „Што сака нека биде“ од ДНК и напиша посвета за жртвите од Кочани.
Кликнете и погледнете ги видеата:
Прочитајте и Лозано ја разнежни публиката на концертот во Скопје: На сцена со синот, минута аплауз за ДНК наместо минута молк
А. Ј. | Црнобело