Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во Канада, каде пејачот живее од 2014 година. Инаку, неодамна тој уживаше на патување во Сингапур, а пред тоа како дестинација го избра Тајланд.

Јован Јованов не открива многу детали од својот приватен живот во Канада, но сега објави ретки кадри со неговата ќерка.
Тој објави видео на Инстаграм Стои како двајцата уживаат на концерт на групата „Coldplay“ и сподели дека ова е прв концерт на неговата ќерка.

Насмеани и расположение тие уживаат во одличната атмосфера, а неговата ќерка Малеа сега има околу 12 години.

Тие од 2014 година Канада ја нарекуваат дом, а пред тоа живееја извесен период и во САД.
Концертот на кој присуствуваа беше оној на 12 јули 2025, кога Coldplay настапија во Торонто, Канада, на стадионот „Rogers Stadium“, како дел од нивната турнеја „Music of the Spheres“.




Во јуни Јован беше на патување во Сингапур, но не откри со кого.



А, во мај Јован беше на патување во Тајланд, но и тогаш не откри со кого, а на Инстаграм сподели фотографии само од себеси.


С. С. | Црнобело
