„Те сакаме“ - Сопругата на Кили објави емотивни семејни фотографии по неговата смрт - легендарниот актер со ќерките и внучето
- Детали
- четврток, 12 март 2026
„Кили ни отиде... Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова и објави низа семејни фотографии од легендарниот актер со ќерките и најстарото внуче од ќерката Јоана, кое расте во Еквадор.

Од инфаркт во сон вчера во Еквадор почина нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов-Кили.
Актерот почина на 58 години.
Неговата сопруга кореографката Гордана Деан Поп-Христова за CRNOBELO.com изјави:
„Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“.

Кили живееше во Еквадор од 2014 година со сопругата и ќерката Joaна.

Нина Деан, ќерката од првиот брак на Гордана, која Кили ја сакаше како свое дете, живее во Скопје и тука изгради успешна актерска кариера и се реализираше во улогата на мајка.

Пред неколку часа, сопругата на Кили се огласи и на Фејсбук, каде сподели низа заеднички семејни фотографии.
„Кили ни отиде... Те сакаме!“, напиша таа.

Кили на фотографиите е во друштво на саканата Гордана, ќерките Јоана и Нина Деан, како и внучето што го доби од Јоана.

Прочитајте и Гордана Деан Поп Христова за животот во Еквадор: „Еквадорците крај брегот уживаат во лулашки и ќе ви го поправат интернетот по 5 дена“
С. С. | Црнобело