Иван Јованов е грижлив татко - им чита приказни на ќерката и внукот, ужива во татковството
- Детали
- среда, 18 март 2026
Во опуштена домашна атмосфера, лежерно облечен, Иван ја чита книгата „Божиќна приказна“, додека двете деца го слушаат внимателно.

Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, скоро две години ужива во татковството.

Неговата ќерка Ниа кон крајот на март ќе слави роденден, а Иван не крие дека по нејзиното раѓање животот му е сменет, и како што вели - на поубаво.

Тој во разговор за CRNOBELO.com неколкупати кажа дека секој миг кога не е посветен на музиката го поминува со Ниа.

Иван, овој пат, преку Инстаграм Стори, покажа како го минува времето со неа, но и со внукот.

Тој објави фотка на која е дома, лежерно облечен, во опуштена атмосфера и им ја чита книгата „Божиќна приказна“, додека двете деца го слушаат внимателно.

Прочитајте и Иван Јованов за првата година со ќеркичката: „Секое слободно време го поминувам со Ниа, направивме тематски роденден“
А. Ј. | Црнобело