Маја Кикириткова по судењето за сообраќајката: „Дечкото што ме удри немал возачка и не покажа никаква емпатија“
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Само што се вратив од суд, дечкото кој ме удри, додека бев во кола со ќерка ми и избега, сега има 20 години, а притоа, нема возачка дозвола и е пожарникар. Вработен пожарникар кој не застана да пружи помош. Ја призна вината но во неговиот говор и однесување не се чувствуваше тоа“ - вели Маја Кикириткова за минатогодишната сообраќајка во Скопје, во која заврши со неколку повреди.

Нашата модна дизајнерка Маја Кикириткова минатата година имаше сообраќајна незгода во Скопје, кога возач ја удрил со автомобил и избегал.
Таа во моментот била во автомобилот со нејзината ќерка Ева, а по настанот беше потресена и заврши со физички повреди.

По сообраќајната незгода, таа имаше оштетување на некои пршлени, дискус хернија, носеше шанцова тврда кравата, примаше терапија, посетуваше физикална терапија и подолг период мораше да одмара за да закрепне.

Сега на Инстаграм Стори соопшти дека била на судење за настанот, а беше разочарана од тоа што младиот возач, иако пожарникар, не застанал да пружи помош.
Маја испраќа апел до младите луѓе, но и до родителите, да ги учат децата да бидат емпатични.
Нејзината изјава:
„Само што се вратив од суд, завршивме со судењето во врска со минатогодишната сообраќајка на Партизанска.
За тие што не знаат, шофер ме удри, јас бев во кола со Ева и избега, не застана да ни пружи никаква помош.
Денес бев на суд, минатиот месец не се појави дечково, да тој е дечко, лани имал 19 години, сега 20. Притоа, нема возачка дозвола и притоа, е пожарникар.
Вработен пожарникар кој не застана да пружи помош. Тоа е најголемата болка со тоа што се соочуваме, но терав до крај.

Доби казна, којашто е забрана за полагање од 1 година и плус парична казна. Искрено, не очекував дека нема да покаже никаква емпатија спрема тоа што се случило.
Ја призна вината но во неговиот говор и однесување не се чувствуваше тоа.
Апел до сите млади луѓе, односно апел до сите родители, учете ги вашите деца да бидат емпатични и одете до крај и терајте ја правдата до крај затоа што за сè постои решение“.

М. М. | Црнобело