Дани Димитровска за животот со глуви родители: „Морам да ги допрам, морам да зборувам побавно, бидејќи читаат од уста“
- Детали
- вторник, 24 март 2026
„Морам да ги допрам, морам да зборувам побавно, бидејќи читаат од уста. Во детството ми беше поразлично, размислував како на другите така сè им е лесно. Имаат со кого да разговараат“, искрено вели Дани Димитровска.

Дани Димитровска во гостувањето во емисијата „Животна приказна“ го отвори срцето за растењето со родители со оштетен слух.
Преку прашањата од Здравкица, таа се врати на спомените од детството.

Дани за комуникацијата со своите родители вели:
„Морам да ги допрам, морам да зборувам побавно, бидејќи читаат од уста.
Во детството ми беше поразлично, се чувствував поразлично.
Размислував како на другите така сè им е лесно. Имаат со кого да разговараат, да им помогнат за некои работи“.

Кликнете на видеото, кое е најава на емисија:
Инаку, Дани сега ужива во бракот со Горан Веселиновски – Весел.


По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста, пејачката Дани Димитровска се омажи во септември 2025 година.

Дани од претходниот брак таа го има синот Лазар, кој е нејзина гордост.

Таа во една пригода откри дека го добила на само 21 година.




Прочитајте и Дани Димитровска: „Станав мајка на 21 година, сите мои другарки излегуваа во град, јас бев дома со гу-гу“
С. С. | Црнобело