Веган Вики, инфлуенсерка и сестра на Спенџарска, се пресели во Пробиштип кај свршеникот: „‘Зелникот на баба’ ме маѓепса“
- Детали
- среда, 25 март 2026
„Беше прекрасно да се видат и млади девојки облечени во народни носии, кои со своите мајки и баби презентираа зелници од својот крај“, вели Викторија Спенџарска од Берово, која со двете ќерки се пресели во Пробиштип во име на љубовта.

Викторија Спенџарска од Берово, позната како Веган Вики на Инстаграм, е сестра на Јелена Спенџарска и мајка на две ќерки, Љубљана и Емона.
Вљубеничката во здрава храна пред извесен период на Инстаграм откри дека ја пронашла вистинската љубов и дека нејзиниот сакан ја запросил. Парот сега живее во Пробиштип.

Таму, Викторија ја имала честа да го проследи традиционалниот настан „Зелникот на Баба“, кој ја воодушевил.

Викторија споделувa за CRNOBEO.com:
„Во Пробиштип по 12-ти пат се одржа една од најголемите манифестации во градот - Зелникот на Баба.

Плоштадот беше исполнет со штандови со разновидни домашни зелници, пити, кифли, секаков вид на традиционални слатки кои посетителите можат да ги дегустираат.

Беше прекрасно да се видат и млади девојки облечени во народни носии, кои со своите мајки и баби презентираа зелници од својот крај.

Освен превкусна храна на штандовите може да се најдат и рачни изработки како плетени декорации, накит, преработки од дрво.


А штанд на кој најмногу му се радуваа дечињата дефинитивно беше поп Гоце со неговиот чипс од овошје.
Сушени овошки и зеленчуци, разни зачини, органски боровинки и јаготки во прав… по нешто за сите генерации.


Ве очекуваме следната година!“