Бранко од Kan Gym емотивен за 50-тиот роденден: „Со Елена се запознавме пред 17 години, имам последици од сообраќајка“
Инаку, со брат ми бевме постојано заедно.
Се дружеше само со постари. Не ме оставаше ни до самопослуга сам да отидам, за еден ден да ми каже: „Слушај, може малку да ме оставиш на раат? Доста веќе цело време се влечеш по мене!“

Благодарен сум на Мајка и Татко што растев во прекрасно семејство.
Ми овозможија време и простор да го правам она што најмногу го сакам.

Ги имам купено сите списанија за автомобили (Автоклуб, Автомагазин) и сè уште ги чувам.
Ете толку сакам автомобили. Автомобилот кој тогаш беше пресврт во автоиндустријата и го имав на постер, стана моја реалност во 2004 година.

Малку и од неубавите моменти. Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен.
После тешка сообраќајка, половина лето во болница и неизвесност, предизвик ми беше повторно да застанам до мојот мотоцикл.
Половина година после фрактура на потколеницата, оштетени нерви и нога која и денес пола не ја чувствувам.

Терапија, многу тренинг и ете застанав во прифатлива форма, но со многу исекотини и белези по телото, кои секогаш ќе ме потсетуваат колку е убаво кога имаш можност да се движиш, работиш, помагаш, дружиш и уживаш со семејството.

Со Елена се запознавме пред 17 години. Никогаш не се разочарав во она што ме привлече кај неа.
Нејзината поддршка, патријархално воспитување, висок морал, етика и приоритет кон семејството. Жена која ги цени обичните работи, се радува на секој миг со најблиските.
