Бранко од Kan Gym емотивен за 50-тиот роденден: „Со Елена се запознавме пред 17 години, имам последици од сообраќајка“
- Детали
- вторник, 31 март 2026
„Со Елена се запознавме пред 17 години. Никогаш не се разочарав во она што ме привлече кај неа, како нејзиното патријархално воспитување. Но, предизвик беше првата година како сопруг и татко...“, искрено вели на својот роденден Бранко Десовски и откри како се шегува мајка му со него: „Толку таленти, а заврши како билдер“.

Бранко Десовски е еден од најпознатите персонални тренери во Македонија. Тој години наназад се грижи како за изгледот, така и за здравјето на своите клиенти.
Работи посветено, професионално и на социјалните мрежи постојано ги споделува резултатите од своето вложување.

Бранко вчера (30.03) го прослави својот 50-ти роденден и половина век живот одбележи со отворање на старите семејни албуми, но и отворање на срцето.
Тој ретко зборува за приватноста, но сега откри дека со сопругата Елена, со која ја има 5-годишната ќерка Бела, се запознале пред 17 години.

Зборува што го привлекло кај неа, што му е најтешко во родителството, но и какви високи очекувања имала мајка му од него затоа што верувала во неговите способности на навистина многу полиња.
Бранко се потсети и на стара повреда при незгода со мотоцикл и како до денес дел од едната нога не чувствува.

Неговата емотивна роденденска објава:
„Што би рекла мајка ми: А бе Бане, беше најдобар математичар во ГУЦ, тенисер, диџеј, кошаркар, архитект, моторџија, професор по физичка култура и на крај - заврши како билдер.

Сепак, има уште многу работа во овој процес, а целите во животот мора да еволуираат заедно со нас.
Постојано ќе се трудам да бидам татко кој ѝ треба на Бела и со кој секогаш ќе се гордее.
Сопруг кој... Елена целосно го заслужува!

Тренер кој ќе пронаоѓа оптимално решение за комплексните процеси до подобро здравје, форма и благосостојба.

Многу ме прашуваат како сум изгледал со коса.
Еве ме, во 18-тите со сите влакна на број.
Баба ми имаше најлогично објаснување како и зошто си отиде толку коса: гелот што сум го ставал всушност се викал КЕЛ, а не ГЕЛ и затоа сум оќелавел. Ама кога сум го купувал тоа не ми го кажувале.
