Бранко од Kan Gym емотивен за 50-тиот роденден: „Со Елена се запознавме пред 17 години, имам последици од сообраќајка“
Со Кумовите поминавме и поминуваме прекрасни моменти. Искреноста денес е реткост.

Голем предизвик беше првата година како сопруг и татко.
Менаџирање на работните и домашните обврски со 3 часа спиење беше вистинско школо.

Внимавам на моето тело и ум, никогаш немам пробано ниту капка алкохол, иако последниве години врвната телесна форма не беше мојот најголем успех.
Мерката за успех беше колку се развивав и подобрував како татко, сопруг и тренер.

Татко ми од мал ме носеше на градски стадион и таму ги имам гледано сите натпревари на ФК Вардар и македонската репрезентација.
Денес, уживам во врвен спорт, навивам за Реал Мадрид. Бернабе е неверојатно доживување.

КАН ЏИМ? Ова не е само клуб, ова е мој живот.
Тука ги вложив целото мое знаење, искуство и срце. Тука ми е половина живот.
Ви благодарам за сите што сте дел од оваа приказна која трае децении. Продолжуваме уште посилно!“




С. С. | Црнобело