Дани Димитровска вљубена со сопругот во Виена - ја бакнува на концерт, позираат заедно (фото)
- Детали
- вторник, 31 март 2026
„Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали...“, вели Дани Димитровска и откри каков впечаток ѝ оставил концертот каде фронтменот ги замолил да бидат присутни во моментот, без телефони.

Дани Димитровска ужива во бракот со Горан Веселиновски – Весел, а парот заедно отпатува на прошетка и концерт во Виена.

Од позирање во пролетна атмосфера во градот музеј до уживање во изведбата на Franz Ferdinand, легендарниот рок бенд од Шкотска, формиран во 2002 година...
Горан во еден миг ја бакнува Дани, а таа ужива со него во друштво на нивните пријатели.

Дани во описот на фотографиите напишa:
„Концертот на Франц Фердинанд?
Во град што изгледа како музеј, концертов беше изложба. Изложба на вредности. Музички.
Не успеав да снимам многу, фронтменот замоли да бидеме присутни во моментот без телефони. Фала му.
А Виена?
Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали. Кали“.








С. С. | Црнобело