Првоаприлски маски на децата на Македонците – кралицата со британските гарди, автомати со слатки и сокови (фото)
- Детали
- среда, 01 април 2026
Синот на Миа Костова е Томи Шелби, Тату артистката Ина Нејмлес со децата се преправија во руски бабушки, децата на Зорана Голомеиќ се британската кралица и кралските гардисти, Фрида е преправена во Моана, синот на инфлуенсерката МаријаМаријаМарија е претворен во марула - децата на Македонците имаат кул првоаприлски маски за 2026.

За Денот на шегата родителите го вадат најдоброто и најкреативното од себе, па децата и оваа година имаат одлични маски.
Некои се потрудиле да ги направат сами, други се купечки но одлично искомбинирани, а трети се навистина уникатни и за пофалба.
Нашите инстаграмџии, инфлуенсери и познати личности денес објавуваат фотки од своите маскирани деца, а во продолжение може да погледнете дел од нив.