Сања Николиќ (43) изгледа непроменето 25 години откако стана Мис на Македонија - ужива во љубовта со Слаткар
- Детали
- четврток, 02 април 2026
„На денешен ден се случи да добијам кладба во маало дека и штикла ќе облечам и станав Мис на Македонија“, напиша лани во јуни Сања Николиќ, а сега на Инстаграм објави како младешки изгледа и по речиси 26 години од титулата. Taa веќе 12 години е во брак со Слаткар и го имат синот Моша, кој наскоро полни 6 години.

Сања Николиќ (43) во 2000 година беше Мис на Македонија, а во јуни годинава ќе се навршат 26 години од тој избор.

Но, Сања и денес изгледа младешки и блеска каде и да се појави, иако јавните појавувања и активности на социјалните мрежи ѝ се сведени на минумум.
Сепак, таа на Златна Бубамара 2026-та година му беше поддршка од публиката на сопругот Марко Маринковиќ Слаткар, кој на сцената настапи со Калиопи.


Сања веќе 12 години е во брак со Слаткар и го имат синот Моша, кој наскоро полни 6 години.
Таа вчера (02.04) на Инстаграм Стори покажа дека се држи до актуелните модни трендови и објави фотка со широки фармерки, но исто така покажа дека сè уште најмногу го цени природниот изглед.

Неодамна таа беше дел од инспиративнаta кампања за накит на Chapter 03.
Описот за Сања гласеше:
„Самоуверена. Достоинствена. Своја.
Во 2000 година таа ја освои титулата Мис на Македонија, со што стана едно од најпрепознатливите лица на македонската модна сцена пленејќи со својата природна грациозност, умереност и префинет вкус.
