Крива Паланка е како од велигденска бајка – украсена со јајца, зајчиња и светлечки декорации (фото)
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Крива Паланка е дефинитивно градот кој е најубаво украсен – освен новогодишни, сега имаат и велигденски и пролетни декорации низ градот. Светлечки украси, зајчиња, јајца... вистинска магија која е несекојдневна глетка низ Македонија во пролет.

Дел од градовите низ Македонија може да се пофалат со бајковити новогодишни украси, но нешто што досега не сме виделе (барем во поскоро време), се пролетни и велигденски декорации.
Сега, центарот на Крива Паланка е велигденски украсен, со светлечки декорации, многу зајчиња, јајца, цвеќиња, кошнички, пилиња и други украси.
Многумина би се согласиле дека изгледа како бајка од сликовница и дека придонесува за попријатна атмосфера во градот.
Погледнете повеќе фотки кои градоначалникот ги објави на Фејсбук:









