Moќна објава на наш наставник: „Престанете да бидете слуги на своите деца, направете ги способни за живот“

„Со тоа што правите сè наместо вашите деца, не им помагате - ги хендикепирате. Најголемиот чин на љубов е да го подготвите детето да може без вас“, е дел од моќната вирална објава на наставникот Драганчо Таневски.

viralna-objava-na-nash-nastavnik-prestanete-da-bidete-slugi-na-svoite-deca-napravete-gi-sposobni-za-zhivot-03.jpg

Драганчо Таневски од Велес дипломираше на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на додипломските студии по графика, а од 2018 година работи како наставник по ликовно образование во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и ООУ „Петар Поп Арсов“ во Богомила.

Драганчо од своето искуство со децата сега сподели свои впечатоци и откри која е најголемата грешка што ја прават родителите.

viralna-objava-na-nash-nastavnik-prestanete-da-bidete-slugi-na-svoite-deca-napravete-gi-sposobni-za-zhivot-02.jpg

Неговата вирална поучна објава:

„Престанете да бидете слуги на своите деца, направете ги способни за живот.

Не ви го кажувам ова само како наставник кој секојдневно гледа деца кои не знаат да ги отворат ранците без потсетник од родител, туку како човек кој израснал во семејство каде независноста беше врвен приоритет.

Благодарен сум што ме научија сам да си готвам, да чистам и да ги носам своите одговорности, бидејќи тоа ме направи силна личност која знае како да преживее.

​Мојата порака до вас е едноставна, пресечете ја папочната врвца.

Гледам деца кои се целосно изгубени - ако родителот не ги потсети за домашна задача или не им ги заврши основните обврски.

Со тоа што правите сè наместо нив, вие не им помагате, вие ги хендикепирате.

Не дозволувајте да станете робови на сопственото дете.

Дајте им обврски, на пример готвење, чистење, грижа за домот - тоа не се „машки“ или „женски“ работи, тоа се вештини за опстанок.

Тргнете се настрана и дозволете им да згрешат и да почувствуваат одговорност. Искуството е она што го гради карактерот.

​Вашата задача не е да им го олесните патот со тоа што ќе го чистите пред нив, туку да ги подготвите нив да чекорат цврсто по секаков терен.

Научете ги да бидат независни денес, за да бидат функционални луѓе утре. Најголемиот чин на љубов е да го подготвите детето да може без вас“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме с... „Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: Тате мој правеше вака... Тате мој ме...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Вирална објава на Македонка: „Скопје мириса на смрт. Тука децата не растат со румени образи, туку со... „Тука, во Скопје, децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и...

Најчитани неделава