Билјана Дебарлиева блеска покрај сопругот во Милано - Влегоа во Дуомото, уживаа во прошетки низ градот (фото)
- Детали
- среда, 15 април 2026
Една од нашите омилени телевизиски лица, го посети Милано со сопругот и блеска покрај него. Тие влегоа и во Дуомото, па Билјана објави и фотографии од внатрешноста на катедралата.

Водителката и презентерка на вести, Билјана Дебарлиева, преку 30 години е препознатлив лик од ТВ-екраните и важи за едно од најубавите телевизиски лица кај нас.


И покрај тоа што е постојано пред очите на јавноста, таа приватниот живот најчесто го чува за себе, а споделува семејни моменти со своите следбеници само во ретки прилики.


Затоа, многумина се воодушевија кога Билјана објави видео со триесетина фотографии направени на патувањето во Милано, а на голем дел од нив е покрај сопругот Јован.


На фотките, споени во видео, таа блеска и изгледа прекрасно. Во спортско-елегантен стил, со коса врзана во плетенка, насмеана и расположена, Билјана плени со својата убавина.

