Стојна Костовска е згодна и на 72 години - игра и пее во двор во хеланки до сопругот, по 47 години брак
- Детали
- петок, 17 април 2026
Стојна Костовска е самоуверена убавица и игра и пее покрај сопругот за кого во 2024-та напиша: „45 години во добро и лошо, секогаш заедно“, а сега парот веќе ја има прославено и 47-та годишнина од брак и ужива како и првиот ден.

Стојна Костовска, македонска телевизиска и театарска глумица, и на 72 години изгледа неверојатно фит, а тоа се гледа на видеото што неодамна го објави на нејзиниот Инстаграм профил.

Облечена во црни хеланки и бела маица, таа игра и пее, покрај сопругот.
На видеото Стојна се шегува дека е вака расположена од безалкохолниот пијалак кој го консумира.

Инаку, Стојна е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Има дипломирано на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за актерска игра во 1978 година. Од 1980 година стана дел од Македонскиот народен театар - Скопје.

Таа има впечатлив моден стил и вљубена е во модните детали. Од градинарство и прошетки до балансирана храна, таа внимава на изгледот.


На 24 февруари 2024 година Стојан објави фотка со сопругот и напиша: „45 години во добро и лошо, секогаш заедно“, а сега парот веќе ја има прославено и 47-та годишнина од брак.
