Германец разочаран од нашите возови, Македонците го поддржаа: „До Драчево патував цел час, наместо 12 минути“
- Детали
- петок, 17 април 2026
„Кога слушнале Кинезите дека од Скопје за Битола се патува со воз за 6 часа - помислиле дека Македонија е 5 пати поголема од Кина“, „Овие возови Хитлер на бегање ги оставил овде!“ се дел од шеговитите коментари на Македонци под видеото на Финн Ваттчов, кое ја покажува тажната реалност на македонските возови.

Финн Ваттчов е менаџер за маркетинг на социјалните медиуми, роден во Фрајбург на Брајсгау (Freiburg im Breisgau) во Германија, а на кој Македонија му е дом веќе четири години.

Тој снима разни ситуации од секојдневието, а сега сподели како изгледало неговото патување од Железничката станица во Скопје до Драчево.

Финн вели дека не обожава возови, а ова што го видел во Македонија уште толку го разочарало.
Тој вели дека не моменти велосипедисти биле побрзи од возот и наместо за 12 минути на целта стигнал со 38 минути задоцнување, односно патувал цел час.

Открива дека билетот го чинел 46 денари и не можело да плати со картичка, туку само со кеш.
Финн вели:
„Едночасовното патување со воз до Драчево дефинитивно беше авантура, но следниот пат повеќе би одел со автомобил. Што мислите? Кој има полоши возови - Германија или Македонија?“

Дел од коментарите на Македонците под неговото вирално видео:
„Кога слушнале Кинезите дека од Скопје за Битола се патува со воз за 6 часа помислиле дека Македонија е 5 пати поголема од Кина“.
„Овие возови Хитлер на бегање ги оставил овде!“
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело