Актерката Марија Лазарова му кажа ДА на саканиот, брат ѝ Стефан Лазаров ѝ честиташе: „Вечни да сте“
- Детали
- понеделник, 20 април 2026
„Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“, напиша Марија на Инстаграм и објави фотки од запросувањето.

Актерката Марија Лазарова, сестрата на Стефан Лазаров, му кажа ДА на саканиот Марко Трајковиќ.
Таа на Инстаграм објави фотки на кои го покажа свршеничкиот прстен и сподели видео од моментот на запросувањето.
„Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“, напиша Марија.

Таа доби бројни честитки од своите најблиски, од пријателите, од следбениците на Инстаграм.
„Вечни да сте“ напиша на Инстаграм Стори нејзиниот брат, Стефан, и сподели фотка од парот.

Марко, пак, е актер во Националниот театар на Куманово, а настапува и како стенд-ап комичар.
Погледнете повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело