Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“
- Детали
- четврток, 23 април 2026
„Имав убаво детство, но на почеток сум било детето кое било малку недобро со здравје. И моите родители морале да се носат со тоа. Овој муабет го имам кажано во 90-тите, сум имал детство поврзано со болници, со некои помагала, кои денес ги има, но кога јас сум бил мал било тешко да се дојде до нив“, споделува дел од својата животна приказна Виктор Петров Викса, кој пред неколку години го изгубил татко му, а вели дека е навистина близок со својата мајка.

Виктор Петров Викса гостуваше во емисијата на Здравкица Милиќ.
Таа по подолга пауза од ТВ екраните се врати пред камерите со нејзиниот телевизиски проект „Животна приказна“ на Македонската радиотелевизија.

Таму Викса се потсети на детството кое го поврзува со болници, па на деновите во основното училиште Песталоци, на починатиот татко, блискоста со брат му, а особено пријателскиот однос со мајка му.
Дел од приказната на Викса:
„Татко ми го испративме пред некоја година во следната енергетска димензија (почина), а со мајка ми сè уште споделувам работи.
Имам и брат со кого имаме слични перформанси за некои работи, а за некои сосема различни...

Ќе речам не е секогаш биологија, не е што ќе ти пренесат мајка ти и татко ти... Мислам дека секоја мајка и татко го прават најдоброто што можат да го направат за своите деца.
Јас сум имал среќа, во последните 10-тина години со мајка ми разговараме како пријатели, надвор од биолошката поставеност мајка – син.

Јас не сум замислувал дека со неа ќе правам муабет за матрикс, за некои вистински енергетски работи.... Накратко ќе кажам со неа разменувам енергија која не ме троши и тоа ми е хит.
Многу е тешко кога мора да исполнуваш очекувања, некогаш мораш за пари или затоа што треба.
Инаку, јас сум имал среќа визуелно да личам на татко ми, а начин на функционирање, односно карактерно, повеќе на мајка ми.

Татко ми се правеше строг, а мајка ми беше навистина строга.
Како дете, исто сум ги плаќал казните на двете места (и кај мајка ми и кај татко ми), ама ми објаснуваа работи, не ми оставаа да не ми објаснат зошто сум казнет.
Казна во смисла како чистење соба или да не можеш да свртиш телефон 5-6 часа.
