Кристина Арнаудова со исповед: „Ми рече дека веќе сум стара - не знам дали беше педофил, но тогаш му поверував“
- Детали
- петок, 24 април 2026
„Опседнатоста со тоа да сме совршени и да им се допаднеме на сите е најголемата форма на површност и идиотизам што му се случи на светов“, вели Кристина Арнаудова и споделува немил настан од младоста. „Еден познат менаџер ми рече дека веќе сум стара и дека доаѓаат нови девојчиња...“

Кристина Арнаудова секогаш е гласноговорник за ценење на природната убавина и за тоа дека самодовербата е најважна за да блеснеме.

Во една пригода таа напиша:
„Опседнатоста со тоа да сме совршени, и да им се допаднеме на сите, е најголемата форма на површност и идиотизам што му се случи на светов.
Што му фалеше на тоа да се нашминкаш, и таман си?“, а со ова очигледно Кристина е против ерата на ботокси, филери и пластични операции.

Но, сега на Инстаграм Стори сподели и апел до девојчињата да не дозволуваат никој да им ја расипе самодовербата.
На неа ѝ се случила токму таква ситуација во младоста.

Кристина за случката од пред многу години вели:
„Точно кога ја сликав сликава, еден познат менаџер ми рече дека веќе сум стара и дека доаѓаат нови девојчиња.
Не знам дали беше педофил, ама во тој момент навистина му поверував.
Пазете кого слушате, кој ви зборува, кој ве сака, а кој ве труе. И не застанувајте“.

Инаку, таа за своето животно мото вели:
„Треба само да се верува. Да се биде трпелив. Да се сака. Да се биде постојан и конзистентен. Да се појавиш. Секогаш. За себе. Никој нема да те спаси. Сам си.
Изгради мостови, каде што има провалии. Каде што треба да паднеш, крени се. Уште еднаш. И уште еднаш... Можно е.
Не постои еден пат. Еден начин. Секој треба да си го најде својот“.



