Синот на Кристина Арнаудова наполни 15 години: „Иста песна свиреше кога му кажав на маж ми дека ќе добиеме бебе и во сала кога се роди“
- Детали
- вторник, 11 ноември 2025
„Секогаш ми фалат зборови, кога сакам да кажам колку сум среќна што си среќен, што сум ти мајка, што растеме заедно! Само сакам секогаш да ја имаш оваа насмевка, најубавата на свет, за мене!“, вели пејачката во емотивната порака.

Пејачката Кристина Арнаудова е горда мајка на две момчиња, синовите Максим и Матео.
Иако не зборува многу за нив во јавноста, сепак не пропушта за секој роденден или момент кој е важен за децата, да сподели убава мајчинска порака или некоја фотографија.

Тоа се случи и овој пат, за 15-тиот роденден на нејзиниот постар син, на 10 ноември.
Арнаудова објави неколку фотки со Максим на Инстаграм Стори - од породилната сала, до фотка направена пред само неколку дена на нивниот одмор на Кипар.

А во пораката, таа се сети на емотивен момент од пред 15-16 години, на кој подзаборавила.
„15 години од оваа слика! 15 години од кога ја стекнав најубавата титула во животот! Мама. Мама на Максим! Те сакам сонце мое огреано! Среќен роденден среќо!
Никогаш не сум кажала, а сега ми текна. Кога му кажав на маж ми дека ќе добиеме бебе, на ТВ свиреше песнава (Empire State of Mind), a и кога се роди, на радиото свиреше песната, во сала. Е, па, Њујорк!

Секогаш ми фалат зборови, кога сакам да кажам колку сум среќна што си среќен, што сум ти мајка, што растеме заедно!
Само сакам секогаш да ја имаш оваа насмевка, најубавата на свет, за мене! Детето со насмевката! А сега веќе, дечко“, напиша таа во своите пораки до синот.

Повеќе фотографии:





А. Ј. | Црнобело
