Елена Ристеска наполни 40 години и објави роденденска фотосесија: „Следните 40 мора да се посериозни“
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
„40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години“ напиша Елена Ристеска и објави неколку роденденски фотографии на Инстаграм.

Пејачката Елена Ристеска денес (27.04) слави роденден - таа наполни 40 години.
Иако од денес влегува во петтата деценија од животот, Елена изгледа многу помлада од тоа и физички, и според духот што го има.
А за да го одбележи денот на своето раѓање и јубилејот со бројот 40, таа објави на Инстаграм фотосесија со роденденска порака за себе, но и за сите оние што на некој начин се дел од нејзиниот живот - семејството, пријателите, соработниците, фановите.

„40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност.
Благодарност за честитките кои цело утро ми стигаат од вас. Благодарна сум за сѐ што имам и што ми даде Бог можност да стекнам.

Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години.
Следните 40 ќе мора да се посериозни, каква што сум јас на сликиве“, напиша таа.

Елена побара од пријателите да не ѝ замерат ако по некоја случајност не им врати на честитките.
„Минатата година ми исчезнаа од премногу пораки, голем дел од пораките и многу ми беше непријатно дека немав вратено на сите.
Во случај да не видам во инбокс, овде ви благодарам на сите кои одвоивте време да ми честитате. Ми значи премногу“, додаде таа.

А. Ј. | Црнобело