Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци?
Марко Новески сакале да го крстат Васе
„Во мојата фамилија има Марковци и од на татко ми страната, и од на мајка ми, па по моите прадедовци фактички сум крстен Марко.
Роден сум на 14 јануари, на Стара нова година, па многу луѓе околу моите почнале да им вршат притисок, да даваат идеја дека сепак би можеле да ме крстат Васе, зашто нели, тоа е Василица.
Но, татко ми и мајка ми сепак си стоеле на своето, се избориле со сите тие притисоци и останало името Марко.
Инаку многу ми е чудно да замислам некој да ме вика Васко, Васе...“

Сузана Гавазова ќе била Мери
„Кумовите сакале Мери да се викам.
Но, татко ми рекол: ‘Ееее, од каде такво име? Ќе треба секогаш да мериме!’. И потоа го избрале името Сузана“.

Маја Глигоровска не може да се замисли како Марта
„За мене имало друго име во игра, Марта, ама кога ќе се замислам така - некако не сум jac. Очигледно ова име ‘ми легнало карактерно’, па добро што моите не ризикувале.
Тие ми кажаа дека го избрале затоа што е кратко, силно и лесно се памети.
Интересно е што ‘Maja’ асоцира и на пролет, нов почеток и позитивна енергија - и баш ми се допаѓа таа симболика.
Мислам дека името баш ми одговара и ова сум jac. Среќна сум со моето име и верувам дека секогаш ми дава нов почеток кога и да помислам“.

Иван Јованов ќе бил Катерина ако се родел како женско
„Мојата приказна за името е многу интересна. За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Катерина.
Ама, бидејќи сум се родил машко, требало да бидам Марко, но мајка ми запнала да бидам Иван, и така сум го добил името.
Инаку, никогаш не сум размислувал дали може да се замислам со некое друго име, навистина не знам. Нагалено ме викаат Иве оние што добро ме познаваат, што ми се од мал другари и блиски пријатели.
Но, не би можел да се замислам со друго име“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
