Дечко од Чешка, воодушевен од бруталистичката архитектура на Скопје: „Дојдов само за зградата на Пошта - 100% вредеше“
- Детали
- среда, 06 мај 2026
За Скопје вели дека е најверојатно најпотценетиот главен град во Европа и дека градбите во бруталистички стил се воодушевувачки - на неговата листа се најдоа и студентскиот дом „Гоце Делчев“, железничката станица, згради во населбата Аеродром, УКИМ, зградата на МРТВ и други.

Матоуш Пудил од Прага, Чешка е голем вљубеник во архитектурата, поточно во бруталистичкиот стил.

Тој на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии и видеа од своите патувања, а избира да посети места на кои доминира брутализмот (стил во архитектурата од средината на 20 век, карактеризиран со монументални, геометриски бетонски форми и суров израз - бетонско лице).

Матоуш ја посети и Македонија, а на своето прво видео тој откри дека дошол во земјава за да ја види зградата на Пошта, која изгоре пред неколку години, а која е изградена 1981 година во бруталистички стил.
„Дојдов само за оваа зграда - вредеше 100%“, напиша тој на видеото, каде што раскажува и дел од историјата на Пошта.

За Скопје пишува и дека е најверојатно најпотценетиот главен град во Европа и дека градбите во бруталистички стил се воодушевувачки, а на неговата листа се најдоа и студентскиот дом „Гоце Делчев“, железничката станица, згради во населбата Аеродром, зградата на МРТВ, Универзитетот „Кирил и Методој“ и други.
Кликнете и погледнете ги видеата:
А. Ј. | Црнобело