Дечко од Битола ја снимал саканата со свршеничкиот прстен зад грб со денови, пред да ја запроси (фото+видео)
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
„Ја снимав со свршеничкиот прстен, но таа не беше свесна за тоа, така што магијата не беше нарушена и беше навистина изненадена која ја запросив“, вели Јовица (36) од Битола, кој по 4 месеци врска сфатил дека Ивана е вистинската за него.

Јовица (36) од Битола и Ивана (34) во врска се само 4 месеци, но овој краток период бил доволен за Јовица да сфати дека таа е вистинската.
Тој вели: „Заедно го градиме своето секојдневие со многу смеа и поддршка. Сакаме едноставност и моменти кои ја покажуваат нашата љубов на креативен и автентичен начин".

Па, токму на таков уникатен начин одлучил да го организира и запросувањето.
Прво со денови ја снимал со прстенот во моменти од секојдневието, додека таа не била свесна за тоа, а потоа во романтична атмосфера ја запросил во викендичка во Нижеполе.

За запросувањето Јовица открива за CRNOBELO.com:
„Запросувањето се случи во мала интимна вила во планинското место Нижеполе со пријатели од кои имав голема поддршка, посебно од мојата другарка Александра, која ми помогна да го изберам свршеничкиот прстен за што сум ѝ благодарен од срце.

Сите моменти беа снимени со професионален апарат и камера од Ивона Кочов, фотограф од Битола, и нејзиниот колега Александар кој се погрижи за видеото, во кое имаше и мои моменти, снимано без да знае партнерката.

Го правев тоа пред да ја запросам со прстенот. Таа не беше свесна за тоа, така што магијата не беше нарушена.

Кога стигнавме во вилата на шега ѝ реков да не ја згрешивме вилата, но всушност сè беше веќе подготвено, и тоа токму на денот на мојот роденден.
Навистина беше магично“.





Кликнете на видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело