Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стане мајка
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
„Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најубавата титула на светот е – мајка“, напиша Зои Блаж која го слави првиот роденден на ќерка си, која ја чува сама со сопругот, без помош од баби и дедовци, во германското гратче Зул. Таа откри каква традиција со писма ќе создаде за неа.

Инфлуенсерката Зои Блаж, Зорица Матијашич од Скопје, во мај 2025-та доби ќерка со словенечкиот ракометар Тадеј, откако пред 7 години доктор ѝ кажал дека никогаш нема да може да стане мајка.

Таа се соочувала со хормонален дисбаланс, но по години работа со ендокринолог, нејзината состојба се стабилизирала и таа стана мајка на малата Мариа.

Мариа сега го слави својот прв роденден, а Зои ѝ направи бајковита фотосесија обоена во розово.

Зои на Инстаграм порача:
„За Мариа, за нејзиниот прв роденден. Сакам секој роденден да ти оставам по едно писмо, за еден ден, кога ќе наполниш 18 години, да ги прочиташ сите и да знаеш колку многу си сакана уште од самиот почеток.
Ми порасна моето бебе во девојче“.


Потоа, Зои ѝ посвети уште една емотивна објава:
„Ќерко моја мила,
Денес го славиме твојот прв роденден – една година откако го осветли мојот свет. Пред да дојдеш ти, не знаев колку љубов може да собере едно срце. Ти ме научи што значи вистинска, безусловна љубов.
Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Ти благодарам што ме научи како се сака со цело срце, како се радува на мали нешта и како секој ден да има нова смисла. Со тебе научив дека најубавата титула на светот е – мајка.
Нека твојот живот биде исполнет со насмевки, здравје, љубов и среќа. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе – твоја поддршка, твоја прегратка и твој најголем навивач.
Среќен прв роденден, мое мало девојче.
Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да кажат.
Твојата мама“.

