„Не беше лесно, но вреди“ - Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопругата, од првиот брак
- Детали
- среда, 13 мај 2026
„Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“, напишаа Ивана и Миро Кацарови на денот кога нивниот син Тадеј наполни 6 месеци. Со нив е и Миа (6), ќерката на неговата сопруга од првиот брак, која тој ја сака како свое дете и вели дека е негова „татина љубов“, се грижи за неа, ја разгалува и се неразделни.

Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопругата, од првиот брак, a кадри од својот мал рај сподели на Инстаграм.

Водителот и неговата сопруга, поранешната одбојкарка, Ивана Кацаров, од почетокот на 2026-та година живеат во нов стан во скопската населбата Пржино.

Парот живее со синот Тадеј и ќерката на Ивана од првиот брак, малата Миа која Миро вели дека ја сака како своја ќерка.


Тадеј, сега наполни 6 месеци, а Миро и Ивана го одбележија денот со фотки направени во нивниот стан во Пржино.
Тадеј лежи со златно балонче на креветот, а потоа му се приклучува и Миа.

Ивана и Миро велат:
„Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“.
Инаку, за љубовта кон Миа, Миро во една пригода за CRNOBELO.com изјави:
„Миа ја сретнав првпат неколку месеци откако почнавме врска со Ивана, имаше 2 и пол години. Ивана се врати од некој пат, и јас бев да ги пречекам со кола.
Миа јадеше бонбони во колата, лом ми направи. Беше симпатично дете, ме гледаше во очи, ѝ беше чудно“.

Миа денес има 6 години и Миро често знае да каже дека таа е „татина љубов“, се грижи за неа, ја разгалува и вели дека се неразделни.