Јован Јованов искрено проговори за бившата сопруга и за ќерката (13), што живее во Торонто: „Двајцата сакавме развод“
- Детали
- четврток, 14 мај 2026
„И по разделбата успеавме да го задржиме коректниот однос. Кога едниот сака, а другиот не сака е проблем, а кога двајцата сакаат или двајцата не сакаат – тогаш нема проблем“, вели Јован Јованов за одлуката за развод со бившата сопруга.

Јован Јованов периодов интензивно гостува по многу македонски емисии со цел промоцијата на концертот во Скопје со Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената Борис Трајковски.

Во гостувањето во „Равенка за успех“ кај Маја Поцевска тој проговори и за ќерката, која наскоро ќе полни 14 години, но и за односот со поранешната сопруга со која вели дека заеднички донеле одлука за ставање точка на бракот.

Јован се разведе во 2018-та година, а сега ужива во љубовта со девојката Тијана.
Јован и Тијана
На тема поранешната сопруга и ќерката (од 40-та минута во видеото), Јован вели:
„И по разделбата успеавме да го задржиме коректниот однос. Едноставно ништо не е вечно, но всушност знаете кога е проблем во еден брак или врска?
Кога едниот сака, а другиот не сака, а кога двајцата сакаат или двајцата не сакаат – тогаш нема проблем и се наоѓа компромис.

Кај нас беше некако лесно, со тек на годините сакавме промена и си продолживме со океј односот поради тоа што имаме дете и знаат разведените родители дека поради детето мораш колку толку да се гледаш.
Но, ние немавме некои проблеми, едниот од нас да сака да сме заедно, а другиот не, туку двајцата ја донесовме одлуката.

Ќерката уште малку ќе наполни 14 години. Сака архитектура, многу убаво црта, сака да дизајнира и да прави проекти, музикална е, не фалшира кога пее, иако нема некој премоќен глас, сака К-поп, па пред ТВ си прави кореографии, игра и пее – ме потсетува на мене кога растев.
Мислам дека не би се занимавала со музика, можеби повеќе како хоби.