Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам автомобил“

„Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се организира борење, мажи се мачкаат со зејтин и се борат така за шоу, но има и трки. Е на тие трки, газдата не ти дава пари, туку ти дава бик за победа, овца за второ место, ти дава велосипед...“, раскажа нашиот олимпиец Дарио Ивановски за првите поголеми заработени пари.

dario-ivanovski-na-18-godini-pobediv-na-trka-vo-kichevo-i-osvoiv-bik-go-prodadov-za-da-si-kupam-avtomobil-01.jpg

Нашиот олимпиец и најдобар маратонец, човекот кој поставува и урива рекорди, Дарио Ивановски, беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров.

Во опуштена атмосфера, сосема поинаку отколку во при спортските интервјуа, Дарио зборуваше за приватниот живот, зошто се посветил на трчањето, откако претходно тренирал таеквондо, но и какво е чувството кога ќе заврши трка пред некои од најбрзите Кенијци, кои постојано трчаат и на Скопски маратон, но и на други маратони низ светот заедно со него.

dario-ivanovski-na-18-godini-pobediv-na-trka-vo-kichevo-i-osvoiv-bik-go-prodadov-za-da-si-kupam-avtomobil-02.jpg

Сепак, Дарио раскажа и една интересна анегдота од своите почетоци, кога имал 18 години, кога трчал трка во Кичево, а главната награда била жив бик.

„Кажи ми за бикот во Кичево“, му вели Стефан, а Дарио почнува да се смее.

dario-ivanovski-na-18-godini-pobediv-na-trka-vo-kichevo-i-osvoiv-bik-go-prodadov-za-da-si-kupam-avtomobil-02.jpeg

„Пак ли за тој бик? Сега се превртува бикот таму (ха, ха). Да, стварно е бик во прашање, не е метафора. 

Кога ми рекоа „Ќе трчаш за бик“, јас бев: „Стварно бик-бик?“. Ми рекоа „да“, па прашав „Со бикот ќе трчам или за бикот?“. Одговорот беше „за бик“.

Е сега... мене ми требаат многу парички, јас сакам да си купам автомобил.

Мене ми вети ЕмСи (менаџерот) дека јас ќе можам да заработувам многу од атлетиката, односно дека ќе можам да трчам улични трки, да го промовирам трчањето како талент и да заработувам со победи и со резултати.

Ние почнуваме и јас победувам на трка во Прилеп. 100 евра награда. Ем Си вади 100 евра од џеб и ми ги дава, вели, нему ќе му ги префрлат организаторите, зашто јас немав картичка во банка тогаш.

dario-ivanovski-na-18-godini-pobediv-na-trka-vo-kichevo-i-osvoiv-bik-go-prodadov-za-da-si-kupam-avtomobil-05.jpg

И замисли до тогаш во Фискултурно сум одел со 50 денари во џеб, и одеднаш одам со 300 евра за три викенди од трки што сум ги заработил...

И сега, полнам 18 години, матура, се соочувам со реалноста дека на мене ми треба кола, а дека не заработувам доволно за да си купам кола, дека мора да размислам дали ќе студирам или работам нешто, пошто веќе се чувствувам како товар дома.

Му викам на ЕмСи: „Ми требаат парички, кола да си купам“, и тој ми рече дека ќе измислиме нешто.

dario-ivanovski-na-18-godini-pobediv-na-trka-vo-kichevo-i-osvoiv-bik-go-prodadov-za-da-si-kupam-avtomobil-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg