Ќерката на актерот Јаков Спасов наполни 1 година - Тематска забава во коњички клуб, каубои и торта со коњи
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
Децата дојдени на роденденот на малата Зои имаа можност да јаваат на големи коњи и да уживаат во забавата, која се одржа во коњички клуб.

Актерот Јаков Спасов и неговата сопруга Софија, ѝ направија тематска роденденска забава на помалата ќерка Зои, во коњички клуб.

Темата беше во стилот на дивиот запад, со каубои, а таква беше и тортата - сина, на два ката, и украсена со коњчиња, како оние од популарните детски рингишпили.

Но, најинтересно беше тоа што децата кои беа дојдени на роденденот имаа можност да јаваат на големи коњи и да уживаат во забавата.

Дел од роденденската атмосфера Софија и синот на Драган Спасов Дац, споделија и преку заедничка објава на Инстаграм.

А во објавата, Софија напиша:
„Неизмерно благодарни за секоја честитка, секоја прегратка и секој убав збор за нашето мало блесоче.
Каков нереално убав ден беше ова… Фала ви на сите што бевте дел од првиот роденден на Зои и што го направивте овој ден уште поволшебен“.
Инаку, Зои е втората ќерка на Јаков и Софија. Тие ја имаат и ќерката Гаиа.

Погледнете фотографии од забавата:

