Жаклина Денковска е самохрана мајка на два сина: „Теодор (6) има аутизам, сега стана прваче - имам тон емоции и стравови“
Жаклина за потстрижувањето на Теодор вели:
„Да шишаш дете со аутизам не е само фризура – тоа е храброст, трпение и љубов.
Една мајка, едно дете од 30 килограми,
кое не сака да седи мирно, плаче, се плаши од звукот на машинката,
се трга, се бори, не разбира зошто мора да биде таму.
Го држиш во скут, го прегрнуваш силно,
раце болат, грб те сече, нозете ти се тресат.
Во исто време пееш, броиш, измислуваш песни, се смешкаш низ солзи,
и веќе не знаеш дали е потешко физички или психички.
Секунда трае како минута. Минута како цел час.
А ти само си велиш: „Ќе помине… само уште малку…“
Но, кога конечно ќе успееш… кога детето ќе стане, ќе се погледне во огледало и ќе се насмее - тоа не е обично шишање. Тоа е мала победа.

И во тој момент ги забораваш сите маки.
Се радуваш само на едно - што детето ти е средено, мирно и среќно.
Огромна благодарност до фризерот за: брзината, човечноста, трпението и професионалноста. Браво Даниел Диме!
Секој може да шиша. Но, некои знаат и да разберат“.
Нејзината објава ТУКА...
С. С. | Црнобело