Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но државата ми даде можности“
- Детали
- среда, 20 мај 2026
„Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По преселбата, цела една година размислував дали го избрав вистинскиот пат - за мене, за мојата фамилија, за иднината што сакав да ја создадам“, искрено вели Драган Трајанов од Радовиш, кој работи како музичар во Гетеборг, а е сопруг и татко на две деца.

Драган Трајанов од Радовиш веќе 10 години живее во Шведска и таму работи како музичар.
Драган има свој бенд во Гетеборг (Trio Band).


Тој веќе една година има и приватна фирма што се занимава со изнајмување музичка опрема за мали и средни настани.
Драган е семеен човек и има два сина на возраст од 19 и 13 години.

Тој по повод 10 години живот во Шведска емотивно вели:
„Денес... 10 години откако дојдов во Шведска.
Искрено… поминаа како 10 дена.

Кога дојдов тука, познавав само 5-6 Македонци, а и толку луѓе ме познаваа мене. Нов почеток, нова држава, нов живот.
Цела една година размислував дали го избрав вистинскиот пат - за мене, за мојата фамилија, за иднината што сакав да ја создадам.

Не беше лесно човек да се одлучи на таков чекор.
Да оставиш сѐ позади себе и да почнеш од нула бара многу храброст, многу жртва и многу непроспиени ноќи. Имаше моменти на страв, несигурност и прашања без одговор.
Но, некаде длабоко во мене чувствував дека сѐ ќе биде во ред. Бев со позитивна мисла и верував дека ништо во животот не се случува случајно.