Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но државата ми даде можности“

И после сите овие години, можам искрено да кажам дека никогаш не сум се покајал што го направив овој чекор.
Денес, после 10 години живот во Шведска, можам да кажам дека секој чекор, секоја мака и секоја жртва вределе.
Запознав многу добри луѓе, стекнав пријатели за цел живот, создадов спомени, научив многу работи и изградив нешто свое.
Најважно од сѐ - научив дека човек може да успее секаде ако е упорен, чесен и не се откажува.

Шведска ми даде многу можности, но Македонија секогаш остана во срцето. Каде и да сме, корените никогаш не се забораваат.
Благодарен сум на сите што беа покрај мене овие години - фамилија, пријатели и сите луѓе што на некаков начин биле дел од мојот пат.

Одиме понатаму. Со уште повеќе искуство, сила и верба во подобро утре“.
С. С. | Црнобело