Дечко од Струга за случка со Слаткар: „Бев паркиран кај тебе пред куќа за во Државна болница, имав дефект - ти направи потег за поздрав“
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
„Јавно сакам да ти се заблагодарам затоа што испадна пред сè човек кон мене. Не знам можеби паметиш можеби не - небитно, пред 3 месеци некаде бев во Државна болница Скопје и имав нешто дефект со колата. Бев паркиран пред твојот дом на твојот паркинг и кога дојде...“, ја почнува приказната Даниел од Струга за Слаткар.

Марко Маринковиќ Слаткар постојано реди музички успеси, а неговата армија фанови е огромна.
Тој вели: „Има храброст во мене, да не запирам... Фала ви луѓе за поддршката“.

Неодамна на својот Фејсбук профил искрено проговори за пелтечењето, но и за тоа како музиката му е лек.
Но, уште потрогателно од неговата исповед е коментарот од дечко по име Даниел, кој му се обрати и му заблагодари за неговото однесување, кога имал дефект со автомобилот и бил паркиран кај Слаткар пред куќа, за да оди во Државна болница.

Коментарот од Даниел од Струга гласи:
„Еве братче сега и јавно сакам јас да ти се заблагодарам затоа што испадна пред сè човек кон мене.
Не знам можеби паметиш можеби не небитно, пред 3 месеци некаде бев во Државна болница Скопје и имав нешто дефект со колата. Бев паркиран пред твојот дом на твојот паркинг и кога дојде ми понуди помош, а не се испонаша ни зошто сум се паркирал тука, ниту даде некоја замерка.
Со тоа докажа дека пред сè си човек и секогаш ќе ти бидам благодарен!
Секогаш што и да ти затреба во Струга можеш да сметаш на мене“.


Коментарот е на исповедтта на Maрко за пелтечењето, каде тој вели:
„Мојата потешкотија со говорот, дефинициски, е губење на ритамот на говорот.
Како дете, долго време мислев дека моите зборови не вредат доволно. Затоа почнав да пишувам стихови уште од моментот кога научив да држам молив во рака.

Малку подоцна спасот го пронајдов во ритамот и почнав да правам песни.
Денес музиката е мојата кариера и животна мисија.