Ивана Лескароски среде тешките животни битки на синот, слави 16 години љубов со сопругот: „Бог нè одбрал нас да нè искушува“
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
„И денес после 16 години тврдам дека не постои рака како твојата, која е мој мир во секојдневните бури. Ние сме плус и минус и одлично пливаме во морето наречено живот, а доказ за тоа е нашиот Роман кој нè направи непобедливи“, вели Ивана Лескароски од Охрид, која слави 16 години љубов со сопругот Дејан на плажа во Грција.

Ивана Лескароски од Охрид е мајка на Роман Лескароски и сопруга на поранешниот фудбалер Дејан Лескароски, кој во моментов работи како помошник тренер. По загубата на две деца и 10 спонтани абортуси, Ивана Лескароски имала можност да остане повторно бремена.

Но, и овој пат животот ја ставил во искушение, предвреме го добила својот син Роман и до денес тој води тешки животни битки.

Но, од сите тие тој излегува со храбра насмевка, а зад себе ги има своите непоколебливи родители, кои покрај огромна поддршка за него, во срцата носат и огромна љубов еден кон друг.

Тие не дозволуваат животните битки да им ја згаснат љубовта.
Сега, прославија 16 години брак, а заедно со синот Роман овој убав повод го одбележија на плажа во Грција.

Емотивната објава за годишнината на Ивана гласи:
„01.06.2010 – 01.06.2026 пред 16 години за првпат ја допрев најнежната рака на универзумот и денес после 16 години тврдам дека не постои таква рака, која е мое смирение во секојдневните бури.
Ние сме плус и минус и одлично пливаме во морето наречено живот, а доказ за тоа е нашиот Роман кој нè направи непобедливи.

Лесно е да се откажеш, но тешко е да се бориш секој ден за врвот, тоа нас добро ни оди зашто Бог нè одбрал нас да нè искушува - за да докажеме и покажеме дека за верата, љубовта и надежта само небото е граница.