Ивона Јо на летување со сопругот - разменуваат нежности, се снимаат гушнати на плажа
- Детали
- четврток, 04 јуни 2026
„Топли ноќи исполнети со љубов, насмевка и неизмерна благодарност за сѐ што е - и што доаѓа. Ти благодарам Господе“, напиша Ивона на Инстаграм.

Пејачката Ивона Јо, која на почетокот на годината се венча со својот сакан Кристијан Тодоров, ужива во секој момент од љубовта со него.
Парот во моментов е на летување - тие заминаа на неколку дена на море меѓу закажаните свирки и настапи што ги има Ивона.

И се чини дека одлично се забавуваат, а Ивона тоа го сподели и со своите следбеници на Инстаграм.
Откако објави видео на Инстаграм Сторис додека се гушкаат на плажа, таа објави и неколку фотки на кои делува пресреќна, но и разменува нежности со сопругот.

„Топли ноќи исполнети со љубов, насмевка и неизмерна благодарност за сѐ што е - и што доаѓа. Ти благодарам Господе“, напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело
