Ивона Јо со свршеникот ужива на снег на Попова Шапка - се возат со жичница, се прегрнуваат

„Бог е дефинитивно темата на која најмногу се задржавме во нашите разговори и тема која нè сплоти и спои. Веднаш знаев дека Кристијан е вистинскиот“, вели Ивона Јо, која сега со саканиот ужива на снежната Попова Шапка.

ivona-jo-so-svrshenikot-uzhiva-na-sneg-na-popova-shapka-se-vozat-so-zhichnica-se-pregrnuvaat-01.jpg

Пејачката Ивона Јовановиќ (29) позната како Ивона Јо, неодамна му кажа „ДА“ на видеографот Кристијан Тодоров (25) од Свети Николе, а парот сега заедно уживаше во снегот на Попова Шапка.

Тој со скии, таа со широка насмевка, Ивона и Кристијан уживаат во љубовта.

ivona-jo-so-svrshenikot-uzhiva-na-sneg-na-popova-shapka-se-vozat-so-zhichnica-se-pregrnuvaat-05.jpg

Инаку, пејачката ја изненади јавноста кога на Инстаграм сподели видео на кое го покажа свршеничкиот прстен и напиша дека тоа било „најлесно кажаното ДА во нејзиниот живот“.

ivona-jo-so-svrshenikot-uzhiva-na-sneg-na-popova-shapka-se-vozat-so-zhichnica-se-pregrnuvaat-04.jpg

За CRNOBELO.com, пак, Ивона вели дека многу брзо по запознавањето, знаела дека Кристијан е човекот на нејзиниот живот и му го кажала тоа.

Во интервју за CRNOBELO.com Ивона за започнувањето на врската со Кристијан откри:

„Нашиот почеток е на социјалните мрежи - кога почнавме да комуницираме пријателски на најразлични теми кои нè опкружуваа.

Бог е дефинитивно темата на која најмногу се задржавме и тема која нè сплоти и спои.

Многу прошетки, многу разговори, многу теми и убавини споделивме за многу кратко време.

Затоа и на видеото пишува - најлесното да во мојот живот - затоа што од прва знаев дека е човек со кој сакам да го поминам животот кој претстои. И му кажав… само што не ми веруваше (ха-ха)“.

ivona-jo-so-svrshenikot-uzhiva-na-sneg-na-popova-shapka-se-vozat-so-zhichnica-se-pregrnuvaat-07.jpg

ivona-jo-so-svrshenikot-uzhiva-na-sneg-na-popova-shapka-se-vozat-so-zhichnica-se-pregrnuvaat-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мандар си го нишка новороденчето, Ивона Јо се бакнува со сопругот: Што прават македонските ѕвезди де... Стефан Лазаров прослави 29-ти роденден, а Катарина Ивановска беше на одмор на ос...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
„Моето среќно место“ - Цветанка Ласкова ужива на одмор покрај море и блеска на 71 година Со марами со впечатлив дезен и насмевка како најубав моден додаток, Цветанка изг...
Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...

Најчитани неделава