Елвир Мекиќ за тешките мигови: „Морав да се грижам за семејството, а престанаа настапите, приходот“
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
„Морав да се грижам за семејството. Не ми беше тешко да почнам нешто друго да работам. Јас не сакав да се помирам со тоа дека нема настапи, нема клубови... Сè додека дојде момент кога ти гледаш дека удираш во ѕид, она тркало кое вртеше многу брзо, одеднаш се заглави. Немаш никаков прилив, апсолутно! Во 2013 година со сопругата го добивме синот Дарис и тоа траеше... Морав да се грижам за семејството“, емотивно вели Елвир Мекиќ.

Елвир Мекиќ наголемо се подготвува за концертот на 6 јуни во Скопје, кој ќе биде заеднички со неговиот најдобар пријател, соработник, но и кум, Јован Јованов.
Инаку, Елвир веќе подолго време со семејството живее во Босна и Херцеговина.

Елвир во подкастот на Стефан Лазаров зборуваше за детството, кариерата, животот некогаш и денес, но и за тешките мигови и мигот кога се намалиле музичките настапи и морал да почне да работи нешто друго во име на доброто на неговото семејство.

Неговата емотивна исповед:
„Морав да се грижам за семејството. Не ми беше тешко да почнам нешто друго да работам.
Од 2008 година до 2011 година, 3 и пол години, јас настапував цело време.

Секој викенд, секој неделa, по 3 настапи минимум.
Најверојатно, дојде до презаситување на материјалот. Сфаќам дека јас не сум бил единствениот и дека и настапите на сите мои колеги тогаш се свеле на минимум или воопшто немале настапи.
Јас не сакав да се помирам со тоа дека нема настапи, нема клубови...

И јас продолжив да инвестирам, продолжив да снимам спотови, песни итн.
Сè дојде до еден момент кога ти гледаш дека удираш во ѕид, она тркало кое вртеше многу брзо, одеднаш се заглави. Немаш никаков прилив, апсолутно!

Во 2013 година со сопругата го добивме Дарис и тоа трае... Морав да се грижам за семејството. Не ми беше тешко да почнам нешто друго да работам.
Не ми беше тешко да почнам некаде на друго место (Босна и Херцеговина) каде што не ме познаваат. Ова, најискрено.

Но, постојано ми недостигаше музиката. Јас секој ден се будам и легнувам со помислата кога ќе се случи ова што треба да се случи сега во сабота, сите овие 10-15 години...“
Погледнете го интервјуто:
С. С. | Црнобело