Пајак: „Моите родители се најсреќни зашто израснале две прекрасни деца - имам брат кој живее во Швајцарија“
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
„Ќе сфатите кога ќе пораснете дека родител никогаш не може да ти мисли лошо. Сега мислите дека ви тресат глупости, а за сè се во право и реално, колку и да мислиш дека ти мисли лошо, никогаш не ти мисли лошо. И ќе сфатиш еден ден, ама тоа може да е доцна, не дај Боже. Да си ги почитувате, да им се јавувате“, вели Пајак, кој е многу близок со мајка му и татко му.

Христијан Настески Пајак, еден од милениците на публиката, неодамна призна дека никогаш не бил во Грција, дека живееле скромно кога бил дете и дека денес им помага на родителите, кои давале сè што имаат за тој и неговиот брат да имаат убаво детство.
Оваа негова изјава беше и една од темите за кои разговараше во подкастот на Стефан Лазаров.

„Ти неодамна кажа дека не сте биле на одмор претходно... колку ти значи помошта твоја за твоите, што можеш да придонесеш?
Не е моментот дека си го однел на море, туку дека како фамилија сте биле заедно и си направил нешто...“, вели Стефан.

„Не, види, јас не сум ги однел лично, ама тоа мислам дека е најубавото чувство и мислам дека сите деца треба да го прават тоа, зашто родителите ви се најбитната работа во животот.
А тоа ќе го сфатите кога ќе пораснете. Сега мислите дека ви тресат глупости, а за сè се во право и реално, родител никогаш не може да ти мисли лошо.
Колку и да мислиш дека ти мисли лошо, никогаш не ти мисли лошо. И ќе сфатиш еден ден, ама тоа може да е доцна, не дај Боже. Да си ги почитувате, да им се јавувате“, вели Пајак.

По ова, тој раскажа и за односот со родителите, но и за неговиот брат:
„Јас сум пораснал малку порано од другите деца, сум почнал да работам од 14 години, сум гледал секакви луѓе.
Јас им помагам нон-стоп, брат. Види, јас мислам дека ти е се најсреќните родители, зашто израснале две прекрасни деца.

Јас имам брат, тој живее во Швајцарија, женет е и јас имам внука, Меланија се вика, душиче е прекрасно.
Родителите сега беа на концертот на Јован и Елвир, Елвир ме замоли да ги донесам специјално.
Беа презадоволни, се запознаа и со Елвир и со Јован и мислам дека си поминаа многу убаво“.
Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело