Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за трансплантација

„Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук.

pozitiva-na-denot-mazh-dobi-srce-od-donor-na-skopska-klinika-od-2021-va-bil-na-listata-za-transplantacija-01.jpg

Вчера на Клиниката во Скопје е направена трансплантација на срце, а го доби 52-годишен пациент, по 4 години чекање.

Од Министерството за здравство, кое ја објави убавата вест за спасен живот, велат дека едно семејство, во најтешкиот момент, донело одлука да спаси животи и им изразија благодарност.

Во нивната објава пишува:

„Четири години чекање. Еден повик и момент што промени сè.

Срце што не замолчи, туку продолжи да бие!

Во градите на 52-годишен пациент од денеска пулсира ново срце. Овој пациент од 2021 година е на Националната листа за трансплантација.

Симбол на нечија љубов која продолжува да живее и да носи светлина во друг живот.

Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи.

Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава