Семејни мигови: Атанас Атанасовски вози велосипед со сопругата и децата во парк, па ја носи ќерката на раменици
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2026
„Што не може да се поправи со забава, може со повеќе забава“, порачува Александра, сопругата на Атанас Атанасовски. Парот пред традиционалното летно кампување, ужива во активностите во Скопје со синот и ќерката.

Актерот Атанас Атанасовски со сопругата Александра, синот Павле и ќерката Една го минува секој слободен миг, па од возење велосипеди заедно во Градскиот парк во Скопје до детски претстави и активности, тие уживаат заедно во овие топли денови.

Неговата сопруга сподели низа фотографии од нивните заеднички семејни мигови и порача:
„Што не може да се поправи со забава, може со повеќе забава“.

Инаку, Александра објави и низа фотки од ноќни забави.

Парот секое лето го користи и за релаксација со кампување.




