Иван Јованов објави официјални фотки од свадбата - Се гушкаат со ќеркичката мала невеста, Ивана во совршена венчаница
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
Некои насмевки едноставно не се глумат, а такви се оние на Иван Јованов, сопругата Ивана и нивната 2-годишна ќерка, која е малечка невеста на нивниот голем ден. Иван сега објави официјални фотки од свадбата, која беше според последните свадбени трендови...

На 13-ти јуни во ресторан покрај базен, фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов и неговата сакана Ивана, направија свадба, 2 години откако се роди нивната ќеркичка.

На свадбата невестата, прекрасна во бела и тесна венчаница со корсет и младоженецот во елегантен смокинг, пристигнаа на подиум додека Горан Папаз свиреше на саксофон, а потоа одиграа прв танц на песната од „Porodično blago“.

На свадбата нивната ќерка е облечена во бело и е преслатка мала невеста.

На официјалните фотки кои сега ги објави Иван, тројцата блескаат од среќа.
Повеќе фотографии од свадбата:




С. С. | Црнобело / фото: Digitalbox.mk