Елена Ристеска (40) со фотка од Париз ѝ честиташе 45-ти роденден на сестра ѝ: „Една е сестра! Ама ти си ми и брат и психолог“
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
„Една е сестра! Ама ти си ми и брат, и другарка, и психолог, и критичар, и поддржувач… сѐ во едно“, напиша емотивно Елена за сестра ѝ, уметницата Драгица Ристеска.

Елена Ристеска со фотографии и емотивна посвета го одбележа роденденот на нејзината сестра Драгица.

Во роденденската порака што ѝ ја испрати преку Инстаграм, Елена на Драгица ѝ кажа дека ја сака премногу и ова не ѝ е првпат јавно да ѝ изрази емоции.

Елена ја поддржува Драгица на сите нејзини изложби, а Драгица е во публика на повеќето концерти на Елена.

Драгица во јавноста е позната и како уметница и таа досега имала свои самостојни изложби, а со нејзините дела учествувала и на групни изложби и во Македонија и надвор од земјава.
Ќерката на Драгица, малата Делфина е најомилената личност на целиот свет.
Нејзината емотивна објава:
„Најсреќен роденден Драгица
Една е сестра! Ама ти си ми и брат, и другарка, и психолог, и критичар, и поддржувач… сѐ во едно.

Горда сум на тебе за сите успеси, што си победник во сите животни борби, затоа што имаш најубава душа.
Среќна 45-ка... Следните 45 години уште посреќни и поубави, поминати во хармонија и љубов“.

